Во Македонија доминираат мали комшиски продавници

Bez autora
Jul 05 2012

Консултантската куќа Еј-Ти Кирнии ја рангираше Македонија на високото 21 место според индексот за малопродажба, како интересен пазар за понатамошен развој на продажбата на мало. Се оценува дека иако станува збор за еден од најсиромашните пазари во Европа, земјата има потенцијал и се констатира дека пазарот на малопродажба е фрагментиран и во него доминираат мали комшиски продавници, па растот се очекува да се забрза. Локалниот трговец Тинексс, се вели во анализата, води заедно со синџирите на супермаркети од соседните земји како Верополусс и Мигросс, кој го поседува најголемиот турски синџир на супермаркети. Меѓународните компании влегуваат на македонскиот пазар, поттикнати од отворањето на првиот нов и модерен шопинг центар во Скопје во септември годинава. Карфурр отвора хипермаркет, а Индитексс ќе претстави пет марки меѓу кои и Зара".

Во Македонија доминираат мали комшиски продавнициКонсултантската куќа Еј-Ти Кирнии ја рангираше Македонија на високото 21 место според индексот за малопродажба, како интересен пазар за понатамошен развој на продажбата на мало.

Се оценува дека иако станува збор за еден од најсиромашните пазари во Европа, земјата има потенцијал и се констатира дека пазарот на малопродажба е фрагментиран и во него доминираат мали комшиски продавници, па растот се очекува да се забрза.

Локалниот трговец Тинексс, се вели во анализата, води заедно со синџирите на супермаркети од соседните земји како Верополусс и Мигросс, кој го поседува најголемиот турски синџир на супермаркети.

Меѓународните компании влегуваат на македонскиот пазар, поттикнати од отворањето на првиот нов и модерен шопинг центар во Скопје во септември годинава. Карфурр отвора хипермаркет, а Индитексс ќе претстави пет марки меѓу кои и Зара". Германската компанија за малопродажба ДМ дрогери марктт влезе кон средината на годинава, францускиот синџир за подобрување на домот Мр. Бриколажж ја отвори првата продавница во Македонија, додека Верополусс планира да отвори уште два супермаркета до крајот на годинава.

- Сепак, успехот на овие планови останува да се види - се вели на крајот од анализата за Македонија. Освен Македонија, од 30- те земји кои се рангирани годинава, од регионот присутна е само уште Албанија и таа е на 25 место.

Индексот ја мери атрактивноста на пазарот, ризикот во земјата, поделеноста на пазарот и веќе заземените позиции, како и временскиот притисок за што побрзо влегување на конкретниот пазар. Се оценува дека ризикот во Македонија е низок, додека пазарниот потенцијал е на средината од 30-те вклучени земји.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik